Носители на Советнички листи

За КАРПОШ 

Ранко Петровиќ

15 години ја води екипата на популарното скопско Радио „Бубамара“, 12 години е режисер и организатор на манифестацијата .... прочитај повеќе

За СКОПЈЕ 

Жанета Попеска

Редовен професор е на Природно математички факултет, раководител на Институтот за информатика. Основно училиште заврши во училиштето „Вера ... прочитај повеќе

Виктор Петров

Виктор Петров

Се викам Петров Виктор, ме викаат Викса.
Роден сум во Чаир-Скопје на 9ти јуни 1972.
Ј.Х.Песталоци - основно школо.
Борис Кидрич - насочено средно образование.
Професија - правен техничар.

Живеам од работа со медиуми во последните 18 години работам во скопскиот и македонскиот етер. Во моментов сум активен на City радио од 8 до 10ч наутро.
Три години работев во маркетинг агенција New moment Скопје.
Пет години бев телевизиски активен 1998 - 2003 на А1, Сител, Канал 5.
Имам водено се од сите видови манифестации освен БубаМара.

Ги произведувам најдобрите радио спотови во државава со веќе личен препознатлив стил.
Главна улога во неколку тв-реклами плус неколку споредни во повеќе домашни кратки филмови.

Го изнајмувам својот вокал на многу тв-реклами (некои се уште активни).

Среќно оженет шизик со Благица Секулоска Петров.

Спортувам покрај Вардар со велосипед.

Поседувам куче пинчер, се вика Тоцка.

Вежам секое утро по 15 мин.

Немам хоби бидејки животот ми е хоби поточно така го живеам.

Располагам со многу добри идеи за разубавување на општинското живеење.

Еве една која денес ја соопштив на една НВО-трибина во Холидеј Ин.

Значи на просторот каде што се протега велосипедската патека на Партизанска би монтирал движечка лента-трака која ќе ги пренесува луѓето до град. Би работела на струја и не би загадувала околина. Луѓето ќе си комуницираат возејки се ...

Поздрав!

Радмила Ристовска

Радмила Ристовска

По професија лекар - специјалист по медицина на трудот и магистер на науки од јавното здравство. Родена на средината на минатиот век, далечната 1955 год. Од кога знае за себе животот и е поврзан со општина Карпош. Рано детство ... прочитај повеќе

Илија Деспотовски

Илија Деспотовски

Роден во Карпош 1 во 1975 година. Живее во плавата зграда пред Машински факултет, или поточно пред раскрсницата на која општина Карпош 11 месеци нема поставено семафори. Туристички работник со Факултет за Туризам во Охрид ... прочитај повеќе

Антоанета Буклеска-Ралевска

Антоанета Буклеска-Ралевска

Своето долгогодишно животно и професионално искуство го гради и развива преку реализирање на сопствената животна филозофија: "Животот е мешавина на различни улоги". Основните две улоги во семејниот и професионалниот ... прочитај повеќе

Зоран Србовски

Зоран Србовски

Роден на 21.02.1967 год. во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, отсек социологија. Професионално се занимавал со фудбал и има настапувано за познатите македонски фудбалски клубови: ФК „Вардар“ ... прочитај повеќе

Јулие Поповски

Јулие Поповски

Живее на ул Атинска 21/25 1000 Скопје, роден 1961 во Скопје. По завршување на Стоматолошкиот факултет во Скопје се вработува во ЈЗО Здравствен Дом Скопје-Скопје и работи во повеќе амбуланти во општина Карпош, извршувајќи ... прочитај повеќе

Тања Метикош

Тања Метикош

Основно училиште завршив во ОУ„Васил Главинов“-Скопје Живеев и пораснав во населбата Топаана што претставува една мултиетничка средина, се дружев со роми, албанци, бошњаци, срби од тогаш научив дека има само добри ... прочитај повеќе

Ацо Кочовски

Ацо Кочовски

Роден на 26 јули 1963 година, dипломиран инженер архитект. Оженет, има ќерка на возраст од 14 години. Од 1994 до 2007 година вработен во невладините организации: МЦМС, CAD и ACTED и ЗОРС Алка, како проектен асистент, програмски ... прочитај повеќе

Весна Велиќ-Стефановска

Весна Велиќ-Стефановска

Редовен професор на Медицинскиот факултет. 15 години активно се залага за превенција, заштита и едукација на населението во Македонија од најмистериозниот вирус ХИВ. Има организирано безброј јавни трибини, акции ... прочитај повеќе

Миодраг Црнокрак

Миодраг Црнокрак

Роден 1967 година во Карпош, раководител на најпознатотото модно студио во Македонија „Црнокрак“. Како советник ќе направи улиците во Карпос да бидат како модни писти. Сопруг на Светлана Црнокрак и татко на малата Моника ... прочитај повеќе

Билјана Сеизова

Билјана Сеизова

Родена 1965 год. во Скопје. Од најраното детство живеам во нас.Карпош. Основно училиште завршив во В.Тасевски населба Козле, а средно во гимназија Орце Николов. После многу размислување помеѓу економија и архитектура ... прочитај повеќе

Виктор Петров

Виктор Петров

Се викам Петров Виктор, ме викаат Викса. Роден сум во Чаир-Скопје на 9ти јуни 1972. Ј.Х.Песталоци - основно школо. Борис Кидрич - насочено средно образование. Професија - правен техничар. Живеам од работа со медиуми во последните ... прочитај повеќе

Ленче Попчева

Ленче Попчева

Родена во Карпош, во зградата над Мали Одмор. Овластен ревизор, сметководител и управител на фирмата за сметководство „Еко Степ“. Мајка на 2 деца и добра пријателка на сите кои сакаат навремено да го платат данокот и да ... прочитај повеќе

Ристе Попески-Димовски

Ристе Попески-Димовски

Роден сум на 28 Декември 1984 година и сум според сестра ми најубавиот новогодишен поклон што некогаш го добила. Од раѓање па до денес живеам зад Симпо во Карпош 1. После времето поминато низ ... прочитај повеќе

Виктор Павловски

Виктор Павловски

Роден на 29.10.1968 год. во Куманово, основно училиште Владимир Илич Ленин, средно училиште Електротехнички училишен центар Скопје - титулар елетротехничар за јака струја, завршен Електротехнички факултет во Скопје насока ... прочитај повеќе

Мелита Секуловска

Мелита Секуловска

Потекнува од старо скопско семејство и своето живеење во градот го минува низ неколку градски населби, но основното образование го стекнува во некогашното ОУ Иван Горан Ковачиќ и во најдобрата гимназија Орце Николов кои ... прочитај повеќе

Блажо Митревски

Блажо Митревски

Блажо Митревски, роден 1936г. Во Скопје доаѓа на студии каде ги поминува најубавите години од својата младост. По завршувањето на медицинскиот факултет и специјализацијата по оториноларингологија се вработува ... прочитај повеќе

Томче Анѓелески

Томче Анѓелески

Роден е 1970 година во населбата Козле каде што се уште живее. Основно училиште заврши во Владо Тасевски. Средно училиште заврши во ЕМУЦ насока алатничар. Тој е еден од ретките кој својот леб го заработува од тоа што го научи ... прочитај повеќе

Марија Коњарец

Марија Коњарец

Родена сум на 11 јули 1967 година во Прилеп, каде што го имам завршено и моето основно и средно образование, во Економско трговски училишен центар Кузман Јосифовски-Питу Прилеп, како економски техничар. И поради желбата за ... прочитај повеќе

Игор Георгиев

Игор Георгиев

Роден во Скопје, пораснат во “Козле” каде што и сега живее веќе 40 години. Образование: Дипломиран Електро Инженер, Магистар Е-цоммерце, со професија Финансов Манаџер/Консултант. Поред домашно има и успешно ... прочитај повеќе

Луиза Камиловска

Луиза Камиловска

Живее на ул. ФЈОДОР ДОСТОЕВСКИ 12Б. Родена на 16.01.1955 год.
Дипломиран Економист , Економски Факултет Скопје. Смер: Економска политика и Развој.
Работела од 1984-2000 во Стокопромет ... прочитај повеќе

Гордана Јовановска

Гордана Јовановска

Родена на 11 септември во Скопје, живее во Бардовци, моментално немажена. 16 годишно работно искуство како технички секретар во две фирми – градежна и трговска. Сега раководи со сопствена пекара за интегрални пецива .... прочитај повеќе

Нинослав Стојчев

Нинослав Стојчев

Живее на највискоит 15-ти спрат во кулата во Карпош 1, веднаш под антените од сите мобилни оператори. Еден од најсимпатичните и највпечатливите ликови во Општина Карпош. На јавноста и е познат по прекарот Вечифико и настапот со ... прочитај повеќе